apple7

Apple веројатно е една од најтаинствените компании на светот, ако не и најтаинствената. Иако кај нив работат десетици илјади луѓе информациите за нови производи тешко истекуваат надвор и секогаш малку пред да се објави производот. Впрочем, претставувањето на iPhone пред многу години беше токму таков настан кој „од никаде“ ја започна револуцијата во паметни телефони.

Затоа е права реткост да се има можност да се ѕирне внатре во просториите на оваа компанија и во тоа што точно тие прават и како ги создаваат своите производи и услуги. Таквата шанса е резервирана само за блиски соработници и пријатели со главните луѓе на Apple, а еден од нив е Чарли Роуз.

Во најновото издание на неговата емисија 60 Minutes тој добива шанса да влезе во Apple, да разговара со главните луѓе како Тим Кук, Џон Ајв, Греам Таунсенд, Енџела Арендц и други во врска со процесите на производство, инаетењето со САД во врска со данокот на добивка, процесот на прототипирање, духот на Стив Џобс во компанијата и така натаму.

На пример, со Џон Ајв влегуваат во студиото за дизајн на нови производи каде што многу (веројатно) прототипови се скриени со мушама на масите позади нив. Кога Роуз го прашува зошто се сместени покривките на масите, Ајв му одговара: „За да не можеш да видиш што има под нив, Чарли“ во саркастичен стил.

apple11

Со Греам Таунсенд разговараат околу камерата на iPhone и за фактот дека околу 800 луѓе работат на нејзино создавање и усовршување, што го објаснува нејзиниот квалитет. Од друга страна, со Енџела Арендц разговараат за „демо верзијата“ на Apple Store која е изградена во нивниот кампус за да можат директно да видат како ќе изгледа продавницата и кои предмети каде треба да се сместат за да бидат совршени.

Емисијата трае 60 минути која веројатно ќе можеме да ја начекаме на CharlieRose.com, но гледајте преку пренасочувач во САД бидејќи Hulu не дозволува да се гледа надвор од државата. Засега можете да го прегледате сижето прераскажано во горното видео.

Извор: The Next Web, CBS News

Претходна статијаLG спрема сопствен Nuclun чип за наредната генерација на V10 смартфонот
Следна статијаНовогодишна промоција на neoCloud