Дојче Телеком постигна климатска неутралност во своето работење во целата Групација, опфаќајќи ги директно предизвиканите емисии и оние што произлегуваат од купената електрична енергија. На овој начин, Групацијата дава активен придонес во ограничувањето на климатските промени во светот преку:
- Зелена електрична енергија: Телеком потпиша долгорочни договори за купување електрична енергија што овозможува стабилност на цените и поддржува изградба на обновливи извори на енергија.
- Енергетска ефикасност: Телеком врши огромни инвестиции во енергетска ефикасност, на пример, во интелигентна контрола на мрежата или во модерна технологија, со коишто значително се намалува јаглеродниот отпечаток.
- Електрична оптимизација на згради: Во административните и технолошките згради, флексибилното користење на просторот, паметните контроли на осветлување и модернизираната технологија за греење овозможуваат намалување на трошоците и на емисиите.
Телеком ги намали своите емисии за повеќе од 94 проценти во споредба со 2017 година. Преостанатиот удел од нешто помалку од шест проценти е компензиран преку висококвалитетни проекти за намалување CO₂.
Дојче Телеком има заштедено вкупно околу 28 милиони тони CO₂ и други стакленички гасови од 2017 година. Во 2019 година, Групацијата се обврза да ги намали сопствените оперативни емисии до 2025 година за 90 до 95 проценти во споредба со 2017 година. Постигнувањето повеќе од 94 проценти, според тоа, одговара на речиси највисоката поставена цел за заштеда.
Постигнувањето климатска неутралност во сопственото работење е само почеток: до 2030 година, Телеком има за цел намалување на емисиите за 55 проценти во сите три опсези. До 2040 година, целиот вредносен синџир треба да стане климатски неутрален.
Циркуларна економија
За понатамошно намалување на емисиите во иднина, Групацијата ќе се фокусира уште посилно на циркуларната економија. Целта е ефикасно користење на ресурсите за понатамошно подобрување на климатската рамнотежа.
Одржливоста останува од суштинско значење за Дојче Телеком, затоа што со намалување на емисиите на C02 се придонесува за заштита на животната средина, успорување на климатските промени и подобро финансиско планирање.
Македонски Телеком, како дел од Групацијата, со своите активности целосно придонесува за постигнатата климатска неутралност.








































