CBS

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе еднаш најави дека се размислува за проширување на присуството на американската армија и во вселената. Тој тоа го најави во март на говор кој го одржа пред маринците, но овој пат тоа изгледа е решено дефинитивно да се реализира.

Во говор специфичен за него тој истакна дека кога е во прашање одбраната на Америка, не е доволно само да се има американско присуство во вселената, туку мора да се има американска доминација во вселената.

Со оглед на развојот на технологијата, јасно е дека и други земји планираат поголемо присуство во вселената кога се во прашање воените цели. Америка како една од најголемите сили во светот, јасно е дека ќе се обиде да тие бидат првите, со што би имале одредена предност во случај на одредени посериозни „одвивања на работите“ доле на земјата.

Претседателот на САД истакна дека му наложува на министерството за одбрана веднаш да го започне процесот на формирање на вселенските сили, како шеста бранша на американската армија.

Најавата на Трамп можете да ја видите на видеото во продолжение.