Tallin Digital Summit
Фото:EuropeanCommission
Талин Дигитален Самит
Фото:EuropeanCommission

Земјите членки на Европската Унија, во Талин потпишаа декларација со која ќе започне имплементацијата на услугите на проектот е-влада. Прв од неколкуте чекори предвидени со оваа декларација е имплементација на дигитална идентификациска документација. Таа би им се доделила на жителите на земјите членки и со чија помош граѓаните би можеле да користат низа јавни и приватни сервиси.

Талин Дигитален Самит
Фото: EuropeanCommission

Ваквиот чекор се прави со цел да се унапреди начинот на користење на сервиси за граѓаните кои не се наоѓаат во својата матична земја. Декларацијата ќе создаде рамка во која ќе се надоградува првично замислениот систем.

Иницијативата ја предводи Естонија, која во моментов претседава со Советот на Европа. Естонија инаку се смета за пионер, кога се мисли на услуги на е-влада. Граѓаните на Естонија веќе имаат дигитален идентификациски документ кој им овозможува гласање, плаќање на даноци и користење ред други погодности он-лајн.

„Талинската декларација за Е-влада“, како што е полниот назив на овој документ ќе значи почеток на една нова ера во сферата на јавните и приватните услуги. Истиот не поседува конкретни одредби по низа сериозни прашања. Како на пример: финансирање, стандарди, временска одредница за имплементација и сл. Меѓутоа, дефинитивно има историска важност бидејќи е прв ваков договор, а ќе опфати популација од преку 740 милиони луѓе. Следен логички чекор на Европската Комисија ќе биде изнаоѓање начин за заштита на податоците со кои овој систем ќе располага.

Извори: VentureBeat, EuropeanCommission

Претходна статијаGoogle се произнесе во врска со скандалот со „руските“ реклами
Следна статијаДевојка го оштетила видот откако цел ден гледала во телефонот