Фото: EasyJet
Фото: EasyJet

Еден од најголемите европски авио-превозници EasyJet најави дека планира во наредните 10 години во својата флота да приклучи авиони на електричен погон. За овој чекор компанијата ќе соработува со старт-ап компанијата WrightElectric. Амбициозниот план вклучува авиони на електричен погон со капацитет помеѓу 120 и 220 луѓе, со можност за покривање дистанци од околу 500 километри.

Изводливоста на ваквиот план е под знак прашалник поради јасната разлика помеѓу енергијата која се добива од конвенционалните фосилни горива и електричната енергија. Капацитетите на батериите со кои индустријата располага во овој момент се далеку од потребното за тие да ги заменат фосилните горива.

Практично, авионското гориво има специфична енергија од 12.000 ват-часови по килограм, додека батериите располагаат со 200 ват-часови по килограм. Ова јасно ја покажува разликата во ефикасноста помеѓу двата вида на гориво.

Комплетна замена на горивата кај леталата веројатно е преголем чекор, меѓутоа Hybrid технологијата би бил разумен транзит. Комбинирањето на гориво ќе се најде како практична опција додека технологијата не изнајде нов вид на батерии кои би можеле да „чуваат“ повеќе енергија. Во моментов, на тоа поле се разгледуваат литиум-сулфурни, алуминиум-воздушни и ќелии за гориво.

Извори: ARS, CNN

Претходна статијаПротече фотографија од Mate 10 Pro, најдобриот смартфон на Huawei досега
Следна статијаДубаи ќе изгради Марсов Град на Земјата