Elon_Musk_-_The_Summit_2013

Elon Musk е човек најмногу познат по SpaceX и Tesla Motors, компании на кои што е главниот директор. Тој овој викенд, а не му е првпат, ја истакна неговата загриженост околу потенцијалната опасност која што доаѓа со развојот на вештачката интелигенција или со други зборови со развојот на компјутери способни самите да „размислуваат“. Своите мислења овој пат ги истакна преку неговиот Twitter профил на кои што напиша:

Вреди да ја прочитате Superintelligence од Bostrom. Треба да бидеме супер внимателни со Вештачката Интелигеција. Потенцијално поопасна од нуклеарките.

Ова не е првпат Elon Musk да ја искаже јавно својата загриженост од опасноста со развојот на вештачката интелигенција. Оваа година во интервју тој го дава примерот од познатиот филм Терминатор како нешто што навистина може да се случи во иднина. Исто така истакнува дека неговото инвестирање во компании кои што работат на развој на вештачка интелигенција во главно е поради тоа што сака да биде директно во тек со нивото на развој поради неговата загриженост.

Во уште еден твит од овој викенд, Musk поставува интересно прашање, односно теорија за дали можеби ние сме само биолошки предок кој што неизбежно води кон доминацијата на паметните компјутери.

Се надевам дека ние не сме само биолошкиот boot loader за дигиталната суперинтелигенција. За жал, тоа е се повеќе веројатно.

 

Претходна статијаLeak, веб сервис за анонимно испраќање на email пораки
Следна статијаAV-TEST: Тестирани 29 сигурносни Android апликации за Јули 2014
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.