Познато е критикувањето од страна на Доналд Трамп кон Европската Унија, како и кон повеќето лидери на земјите членки. Разликата во политиката, но најмногу во идеологијата, направи да односите помеѓу Европа и САД е можеби на најниско ниво досега.
По најавата дека неколку компании и организации планираат да претстават европски конкурент на X, интересно наречен W, сега имаме и поголемо раздвижување на овој план и од официјалните ЕУ институции.
Европскиот Парламент изгласа заклучок со кој и се предлага на Европската Комисија, да се започне со намалување на зависноста на ЕУ од странска технологија, а јасно ни е дека тоа се однесува во главно на САД.
Според заклучокот, ЕУ треба да ја зголеми својата технолошка сувереност, односно да започне да развива сопствени технологии во областа на чиповите, сервисите во „облакот“, софтвер и вештачка интелигенција.
Во сите овие области ЕУ во главно зависи од САД или од земји кои се соработници на САД.
Како пример може да се земат сервисите во „облакот“, во кои доминираат три американски компании, односно Amazon, Google и Microsoft.
Според информациите, Европската Унија зависи од странски производи и сервиси за повеќе од 80% од своите потреби. Иако се достапни и европски алтернативи, тие не можат да се споредат со тие од САД.
Факт е дека дури и навистина да се креира план и да се започне со негова реализација, потребни ќе бидат години, ако не и децении за да може истиот да се реализира.










































