NSA-MC0163606

Веќе неколку години во Европската Унија се работи на мотивирање на производителите на уреди, конкретно во случајот се мисли најмногу на мобилни телефони и таблет компјутери, да користат стандарден полнач кој што ќе се работи на сите уреди. Со тоа би се користел еден полнач и во случај кога корисникот ќе купи нов уред со што тие би биле универзални. Полначот сигурно ви е познат на повеќето од вас, односно се работи за micro USB полначот на кого повеќето нови уреди работат.

До сега ова беше на доброволна основа, односно иако повеќето производители почнаа да го користат micro USB полначот, тие сепак ја имаа можноста да не го прават тоа. Според предлог законот кој што беше изгласан во Европскиот Парламент производителите ќе мораат да користат стандарден, односно ист полнач за своите уреди. Останува овој закон уште да помине во Советот на Европа, што се очекува тоа да биде така. Според законот, земјите членки ќе имаат до 2016 да го вклучат законот во своите законски решенија, а производителите ќе имаат до 2017 да почнат да го почитуваат, односно да го сменат нивниот хардвер.

Европската Унија потребата од ваков закон ја оправдува со големиот број на електронски отпад кој што се прави на годишно ниво, како и компликациите кои што им ги создава на корисниците обврската да купат конкретен полнач кој што не работи на сите уреди. Повеќето производители веќе го почитуваат неофицијалното правило, па законот нема да бара некаква дополнителна промена од нив. Она што според одредени луѓе ќе биде интересно е како Apple ќе реагира на овој закон, компанија која што е меѓу ретките кои што сеуште користат сопствен посебен полнач.

Претходна статијаУапсен човек кој се заканувал на Twitter дека ќе пука во некого ако добие 100 ретвитови
Следна статијаПрекинат развојот на Firefox за Windows 8 поради мал број на корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.