Ако чекавме на развојот на настаните поврзани со САД и Кина да отидат во нешто подобар правец, а посебно по дозволата од страна на Министерството за трговија американските компании да може да соработуваат во телата за развој на 5G технологија во кои учествува Huawei, работите сепак нема да продолжат позитивно.

Американската FCC, односно Федералната комисија за комуникации, ги означи повторно Huawei и ZTE како компании кои ја загрозуваат националната безбедност на САД. Со оваа нова одлука од FCC, на американските компании им се забранува пристап до државниот фонд вреден околу 8 милијарди долари за купување на мрежна опрема, доколку тие планираат да купат опрема од Huawei или ZTE.

Работите се отидено до таму што се бара од помалите оператори во САД кои веќе имаат опрема од Huawei, да ја променат со друг производител, а државата би била спремна да ги плати потребните трошоци.

Проблемот што го имаат американските власти со овие кинески компании е во тврдењето кое уште не е докажано, дека овие компании соработуваат со кинеските власти и им овозможуваат пристап до комуникациите преку нивната опрема.

Се истакнува дека такви се и законите во Кина, каде компаниите мораат да соработуваат со властите во работи кои се поврзани со следењето на комуникациите и слично.

Од Huawei ги негираат овие обвинувања, кои и така се далеку од докажани со конкретни докази, па работата изгледа сепак се сведува на трговската војна помеѓу САД и Кина.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2VB
Претходна статијаЛетно освежување од А1, попуст од 15.000 денари за купување на уред
Следна статијаOnePlus Nord е поевтиниот телефон од компанијата со Snapdragon 765G и камера од највисоката класа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.