Googleplex-Patio-Aug-2014

При крајот на минатата недела од Gecko Design преку својата веб страна известија дека стануваат дел од Google, поточно делот од компанијата наречен Google X кој што работи на развој на експериментални и напредни производи. Со оваа зделка од Google покажуваат дека сериозно работат на комерцијализирање на некои од производите кои што се дел од X програмата. Повеќе детали околу купувањето на компанијата не се дадени, односно не се знае цената и другите услови.

Gecko Design е компанија која што работи од 1996 година и е лоцирана во Los Gatos, California. Оваа компанија работи со дизајнирање на производи, односно за други компании кои што имаат замисла за производ, меѓутоа ги немаат ресурсите да го дизајнираат изгледот на тој производ. Тие имаат работено на дизајнот на првиот FitBit фитнес уред, HP, Dell, Logitech и многу повеќе. Компанијата има 5 вработени и сите ќе бидат префрлени во Google X по завршувањето на зделката.

Проектите на кои што се очекува да помогнат, односно да продолжат да ги развиваат се Google Glass, само управувачкиот автомобил, а можеби и некој нов досега непретставен производ. Google X секторот покрај овие два производи, работи на развојот и на леќите за очи кои што можат да го мерат нивото на шеќер во крвта, Google Loon и повеќе.

Можеби најмногу од сите се очекува да новиот тим работи на нов дизајн на Google Glass паметните очила кои што од компанијата веќе одреден период се обидуваат да ги направат со прифатлив изглед за корисниците.

Извор: TechCrunch, Cnet, Gecko Designs

Претходна статијаLG ќе претстави нов паметен часовник со кружна форма
Следна статијаGoogle ги тестира само управувачките автомобили во компјутерска симулација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.