android-994910_640

Еден од проблемите со кои се соочува Google со нивниот Android, како резултат на неговата отвореност и достапност на огромен број на уреди од голем број на производители, е неговата таканаречена фрагментација.

Се работи за познат проблем, а тоа е достапноста на најновата верзија на Android на уредот на корисниците. Ова е нешто што едно време се чекаше и по повеќе месеци, а голем број на уреди и никогаш не добиваа надградба.

Резултатот е стотици модели кои работат скоро на сите верзии од Android, а најмалку од нив се на најновата.

Иако Google со тек на време презема одредени чекори за да овозможи забрзување на процесот на пуштање на најновата верзија од Android на корисниците, сепак производителите, а посебно тие кои имаат свои значително изменети верзии, оставаат доволно долго време да помине.

Според извори на Bloomberg, кои се наводно запознаени со работите, Google ќе воведе систем на градација на производителите со кој ќе ги означува според брзината на пуштање на надградбите. Ова според изворите ќе биде наменето да на одреден начин ги засрами тие коишто ќе продолжат покасно да ги пуштаат надградбите и со тоа да ги мотивира да го забрзаат процесот.

Работата на што повеќе уреди на иста верзија од Android е клучно за што подобро корисничко искуство и добивање на најновите функции, но и за безбедноста на тие уреди. Затоа унифицирањето на верзиите од оперативниот систем е важно не само за Google, туку и за самите корисници.

Извор: Bloomberg, PCMag

Претходна статијаZTE го претстави Axon 7 – телефонот со најдобар звук во високата класа
Следна статијаHP претстави нови гејмерски лаптоп и десктоп компјутери од Omen линијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.