Вработените на Google уште немаат обврска да почнат со работа од нивните канцеларии, а според информациите, ваквите промени може да останат долгорочни, барем за дел од вработените.
Дизајнер од компанија објави столна ламба која има минималистички и интересен дизајн, но сепак нагласи дека не се работи за нов производ од Google кој корисниците ќе може да го купат. Ламбата ќе им биде достапна само на вработените на компанија кои во САД можат да ја добијат бесплатно.
Ламбата е направена со LED светилки и може да се менува нејзината јачина, како и температура на светлината, а може и да се насочи на повеќе страни, па да се користи и како осветлување за време на видео повици, покрај стандардно осветлување на работната маса.
Името на ламбата е dLight, а очекувано истата може да се контролира преку Google Assistant, односно преку гласовни команди.
dLight е дел од политиката на Google да им ја направи работата од дома на вработените подобра, односно да им ги подобри условите, па вакви мали „гестови“ сигурно прават доста.