Една GoPro камера ќе влезе во историјата како една од ретките човекови направи кои биле во допир со огнот од ракета – и преживеале. Не само што преживеала, туку и продолжила да снима давајќи ни прилика да видиме како изгледа лош старт на една ракета без да се стопиме.

Ракетата припаѓа на Copenhagen Suborbitals, компанија фокусирана на развиток на приватни вселенски летови. Според нивната филозофија наведена на нивната Интернет страница: „Ние создаваме подорбитални вселенски летала – дизајнирани да го поплочат патот за вселенски лет со човечки екипаж на минијатурно летало и со минијатурни средства“.

Тоа што е зачудувачки е што камерата во еден момент е опкружена со огнени јазици, но таа продолжува да снима по што се откачува од својот држач и паѓа во вода каде што успева да забележи прекрасна слика како огнените јазици патуваат по површината на водата. Инженерите успеале да ја пронајдат камерата и да ја извадат снимката од нејзе.

Погледнете го видеото од овој настан

Несреќите при обидите на човештвото да ја освои вселената се чести и некогаш фатални. Веројатно сите знаеме за Челинџер шатлот кој експлодираше при неговото десетто полетување, Аполо 1, како и еден понов настан – шатлот Колумбија кој се распадна при влез во атмосферата во 2003 година. Цената која човештвото е спремно да ја плати за да ја освои вселената е голема и инспиративна.

Извор: RT, The Higher Learning

Претходна статијаРеволуционерните модели на Philips Android 4K телевизори достапни и во Македонија
Следна статијаКој ни ги „подари“ паметните телефони!?