Humane е една од две компании кои беа најпознати по своите нови производи кои беа направени на основа на генеративна вештачка интелигенција и големи јазични модели, замислени да ги заменат смартфоните.
Во случајот со Humane, компанија основана од двајца поранешни вработени во Apple, производот беше наречен AI Pin и на корисниците им овозможуваше да во главно разговараат со ВИ, а имаше и мал проектор за прикажување на одредени информации на дланката.
Другата компанија беше Rabbit кои го претставија нивниот ВИ уред R1, кој ја имаше сличната „судбина“ со AI Pin. Двата уреди не се покажаа подготвени да ги заменат смартфоните, сепак константното разгледување на содржина, слики и видеа има време додека биде надминато. На тоа треба да се додадат и проблемите кои се појавија со самите уреди и нивното функционирање.
Минатата година можевме да прочитаме дека Humane сакаат да ја продадат компанијата на HP за сума која оди дури до 1 милијарда долари. Јасно беше дека тоа не е нешто што е баш возможно, но сепак од компанијата успеаја да направат договор со HP.
Според најновите информации од Bloomberg, HP ќе купи дел од Humane за 116 милиони долари, а дел од купувањето нема да биде AI Pin, производ кој ќе престане да постои.
HP во главно го купува делот од компанијата кој работи на развој на вештачка интелигенција, а посебно интересен за нив е делот кој овозможува комбинација на функционирање локално на уредот со функционирање од „облакот“.
Според договорот, HP ќе ги преземе повеќето вработени од Humane, заедно со софтверската платформа, како и интелектуалната сопственост. Дел од екипата ќе бидат и основачите кои се поранешни вработени во Apple, а тие ќе формираат нов сектор во HP кој ќе работи на интеграција на вештачката интелигенција во компјутерите, печатарите и другите производи од компанијата.