Се сеќавате ли на дечките што подаруваа карти за Mobile First Conference и нивната заразна игра со брзо „тапкање“ по екран? Епа, имаат нов предизвик:
Последниот предизвик создаде многу “И што сега, што е следно?” прашања од сите што ја пробаа играта, па од тимот решаваат да го направат играњето уште позабавно доделувајќи втора рунда реални награди. Овој пат доделуваат External Hard Drive (500 Gb), Power Bank за смартфон/таблет и Selfie Stick, за тројцата со најбрзи прсти.
ТapZ e едноставна iOS и Android игра во која што за одредено време треба да направиш зададен број на кликови на големото црно копче. Исто така е игра со мисија да внесе забава во моментите кога ви е најздодевно + реално ве награди за вложеното време во играње.
Регистрацијата за учество во предизвикот е отворена до петок, 27 април, тука: http://3pdevelopment.com/IGRA/
По овој предизвик ќе следува нов на секои две недели, а секој од предизвиците ќе носи три реални награди за тројцата на врвот на ранг листата.
Од 3P Development велат, подобро регистрирајте си се на време, да си обезбедите место; со оглед на искуството од минатиот предизвик – очекуваат возбудлива игра, по некој преврзан прст и многу насмеани лица при доделување на наградите.
Не знам за вас, ама ние ќе играме.