Фото: Shutterstock.com

Канада, кои изминатите години станаа познати по „чудните“ закони и мерки, од септември ќе започне да им зема по 5% од приходите направени во земјата на големите „стриминг“ сервиси.

Тоа значи дека сервисите како Netflix, YouTube и другите, ќе треба да почнат да и плаќаат на државата 5% од приходите направени во Канада за Комисијата за радио-телевизија и телекомуникации.

Целта на законот којшто беше донесен минатата година, а ќе почне да се применува од септември оваа година, е да овие компании придонесат кон канадската и домородна содржина.

Се очекува дека во текот на една година овој закон ќе „собира“ околу 150 милиони долари, според проценките на КРТТ.

Ваквите закони обично донесуваат зголемување на цената на услугите, па ќе видиме дали тоа ќе биде и сега случајот.

ИЗВОРReuters
Претходна статијаДиректорот на ARM очекува дека повеќе од половина од Windows компјутерите до 2029 ќе работат на чиповите дизајнирани од неговата компанија
Следна статијаТелеком ги повикува младите да бидат дел од „Лето за паметење“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.