На биометриската автентикација не и` е денот (деценијата?). И покрај тоа што ветувањата за „поголема безбедност“ не престануваат од големите софтверски и хардверски компании, корисниците најверојатно се освестија за можноста со биометриските податоци кои би ги оставале преку своите преносни уреди во огромните податочни бази, да бидат (зло)употребени за нивно следење каде и да се (што ќе представува смрт за приватноста).
Сепак, големите компании и владини агенции (секако) работат на подобрување на технологијата за биометриска автентикација. Покрај препознавање на шареницата, одпечаток од прст и ракопис, најновата вест е дека Lockheed заедно со NSA работат на биометриско одбележување на стандардните операции со екрани, во смисла, лизгање (swiping), одклучување на уредот итн.
Идејата е дека секој корисник има различна силина, површина и брзина на стисок кога сака да изврши некоја стандардна операција како отклучување на својот уред. Анализирајќи ги овие податоци од NSA сакаат да додадат дополнително ниво на заштита за своите преносни и други уреди (а веројатно и да може да препознае кој го користи конкретно кој уред ако успее да стигне до такви информации, во практично преќутна соработка со Apple, Google, Microsoft и тн.).
Засега системот ветува, но се` уште не ги носи потребните резултати и потребно е уште да се работи на негово усовршување. Некако ни изгледа дека ќе се надминат и овие проблеми со истиот.