Alphabet, за потсетување, е компанија која ја создадоа основачите и директорите на Google, да служи како една главна компанија под која ќе бидат Google, меѓутоа и останатите бизниси кои веќе станаа премногу за да не прераснат во посебни бизниси. Тоа значи дека Google како компанија продолжи да работи специјално на своите бизниси, додека другите започнати проекти и технологии, се издвоија како посебни компании, сите под капата на Alphabet.

Loon и Wing се две нови компании кои ќе функционираат под Alphabet. Тие досега беа дел од таканаречениот X сектор во компанијата којшто може да се нарече еден вид на инкубатор внатре во компанијата наменет за развој на одредени проекти и технологии.

Овие два проекти се имаат покажано како успешни и во доволно ниво на развој, па прераснуваат во посебни компании, со сопствени директори и буџети. Ова исто така значи дека тие ќе почнат да функционираат комерцијално, односно ќе треба да почнат да носат профит.

Loon е компанија која ќе се занимава со овозможување на интернет на места каде моментално го нема, користејќи балони во атмосферата на Земјата. Ова не би била единствената компанија која развива ваква технологија, но изгледа ќе биде првата која комерцијално ќе почне да го прави тоа.

Wing од друга страна е компанија која работи на развој на дронови, односно беспилотни летала за достава, како и дронови кои би се користеле во сообраќајот, односно за креирање на платформа за регулирање на истиот.

Овие две компании стануваат рамноправни со Google, Waymo, Verily и други.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2MIT Technology Review
Претходна статијаMicrosoft бара од американскиот конгрес да започне со регулација на употребата на технологијата за препознавање на лицата
Следна статијаSamsung овозможува попуст за поправка на телефони по истекот на нивната гаранција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.