Во најновиот неделен билтен, во кој истакнува за планот за исправка на грешки и подобрување на перформансите кај iOS 27, Марк Гурман пишува и за информацијата дека Тим Кук може да биде заменет од челото на Apple веќе идната година.
Информацијата беше објавена од страна на Financial Times, а и тие како Гурман неколку пати досега, тврдат дека наследник на Тим Кук треба да биде Џон Тернус, моментално задолжен за развој на хардвер во компанијата.
Гурман се сложува со тврдењето за наследник, како и тоа дека 65 годишниот Кук мора наскоро да ја напушти неговата позиција, но смета дека тоа нема да се случи идната година.
Информацијата објавена од Financial Times ја смета како погрешна и ги критикува за нејзината објава, посебно кога ќе се земе во предвид сериозноста на медиумот.
„Првите две точки се сè освен откритија ако сте ги прочитале извештаите на „Bloomberg“ и „Power On“, или едноставно сте обрнале внимание на реалноста за возраста и мандатот на Кук. Временската рамка, сепак, е сосема друга работа. Голема работа е што „Financial Times“ го направи ова: Угледна публикација треба да го предвиди датумот на транзиција на извршниот директор за компанија од размер како „Apple“ само со високо ниво на доверба – врз основа на луѓе кои се легитимно запознаени со тоа.“- пишува Гурман.
Успехот кој го има Тим Кук по наследувањето на позицијата од Стив Џобс е доволно голем, а и неговиот однос со акционерите и одборот на директори му има овозможено да самиот може да одлучи кога ќе се „пензионира“.
Според информациите, Тум Кук по напуштањето на главната директорска позиција, најверојатно ќе остане во компанијата како претседател на одборот на директори.











































