По отпуштањето на 11.000 вработени во Meta, повеќе познати како Facebook, што претставува околу 13% од вкупната работна сила во светот на компанијата, одредени производи ќе бидат погодени од одлуката.

Поточно, прекинат ќе биде развојот на одредени паметни уреди кои и така не се покажуваат баш најдобро, односно не се ни уште официјално претставени. Во таа категорија спаѓаат паметниот часовник од Facebook, како и Portal уредите наменети за видео комуникација преку сервисите во сопственост на компанијата.

Според информациите, повеќе од 50% од отпуштените 11.000 вработени биле дел од развојот на ваквите производи. Отпуштањата во компанијата доаѓаат поради потребата од намалување на трошоците, а во главно и поради пад на приходите од реклами, нешто што се случува, меѓу другото, поради функцијата ATT на Apple.

Вработените кои се останати во компанијата, а имаат работено на овие уреди, ќе бидат распределени да работат на развојот на очилата и уредите за виртуелна и проширена реалност. Овие уреди сепак остануваат важни во компанијата и се очекува во годините што следат да дојде нивното време.

Meta покрај овие промени има направено и делумна реорганизација, па направено е комбинирање на тимовите кои работат на аудио и видео разговори во еден тим за разговори. Направен е и нов сектор наречен Family Foundations кој ќе работи на решавање на потешки инженерски проблеми.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаLeica Leitz Phone 2 е втората генерација од смартфонот на компанијата позната по своите леќи и фотоапарати
Следна статијаNetflix ќе започне со стриминг во живо, Крис Рок ќе ја има честа да биде првиот со неговиот „comedy special“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.