Според информација од Windows Central, подоцна потврдена од Microsoft, од компанијата имаат направено мала реорганизација со која ќе се стави поголем акцент на развојот и комбинацијата со Android.

Тимовите, досега посебни во компанијата, кои ги развиваат Surface Duo OS, SwiftKey, Phone Link, Microsoft Launcher и уште неколку други тимови, се спојуваат во еден наречен Android Microsoft Platform and Experiences (AMPX).

Оваа нова организациона поставеност во компанијата ќе биде директно под Панос Панај, каде што се Surface линијата на производи и Windows. Со тоа се очекува доста поголемо подобрување во работата, исто како што се случи со Windows по неговото префрлување под Панај.

После оваа одлука се очекува дека развојот на апликациите кои се достапни на Android ќе биде подобрено, а кога ќе се види за кои апликации се работи, јасно станува дека ќе дојде и до подобрување на интеграцијата со Windows.

Од Windows Central најавуваат дека во годините што следат, поврзаноста на Android телефоните со Windows ќе биде уште поголема, односно ќе нуди повеќе функции од тие сега достапни преку Phone Link апликацијата.  

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаРаде Шербеџија во британската крими серија Петорка (Harlan Coben’s: The Five)
Следна статијаPerseverance роверот откри дека звукот патува побавно на Марс
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.