Фото: Shutterstock.com

Microsoft изминатите неколку години може да се каже дека се познати по интегрирањето на вештачката интелигенција, во форма на Copilot, во скоро сите нивните производи. За ова од компанијата добиваат критики, а можевме да прочитаме и за тоа дека ваквиот однос не им се покажува баш како најуспешен. 

Без разлика на расположението на барем дел од корисниците, од компанијата ќе продолжат со инвестирањето и интегрирањето на вештачката интелигенција. 

Ова се гледа од новогодишната објава на директорот на компанијата, Сатја Надела, преку неговиот нов блог, кој засега има само една објава, „Гледајќи напред кон 2026“. 

„Додека размислувам за изминатата година и гледам кон претстојната, нема сомнение дека 2026 година ќе биде клучна година за вештачката интелигенција. Да, уште една. Но, овој момент се чувствува поинаку на неколку значајни начини.“ – истакнува на почетокот Надела. 

Веднаш може да се види дека вештачката интелигенција веќе е дел од Microsoft и од компанијата не ни помислуваат да намалат со нејзиното интегрирање, односно тие се решени корисниците да ја прифатат оваа реалност. 

Тоа што сепак е доста логично во објавата од Надела, е дека досега ВИ беше во фаза на откривање, а сега може да се очекува влез во фазата на целосна распространетост. Ова ќе води во правец каде ВИ ќе претставува алатка која ќе им помага на корисниците, а не која ќе ги замени. 

Надела најавува дека ќе почнеме да ја гледаме вистинската вредност на вештачката интелигенција, нешто што би било добро навистина да се случи со оглед на тоа што можевме да го видиме досега. 

Целата објава од Сатја Надела можете да ја прочитате тука