project-cheshire-screen-1

Microsoft, како дел од неколку познати купувања на компании, ја купи и популарната апликација за креирање листи Wunderlist. Компанијата која стоеше зад развојот на оваа апликација е базирана во Берлин, а тимот продолжи да функционира и да ја развива својата апликација, само сега како дел од поголемата компанија.

Wunderlist е една од најпопуларните вакви апликации и заслужено. Истата има одличен кориснички интерфејс, функционира едноставно и конкретно за тоа што е наменета. Од кога стана дел од Microsoft, апликацијата продолжи да биде развивана, а стана достапна и на Windows платформата како универзална апликација.

Поради ова чуди и информацијата која за првпат беше откриена во јуни оваа година. Microsoft и покрај одлуката да купи готово решение, работеле на свое, односно друга апликација со истата намена.

Апликацијата е наречена Project Cheshire и веќе е достапна во Windows Store, а треба да биде достапна и на Android и iOS. Дали ова е официјалното име или само се користи во периодот на тестирање, не ни е познато.

Апликацијата, како и што би се очекувало од една нова и модерна апликација дизајнирана од Microsoft, е едноставна и со чист кориснички интерфејс. Моментално е во бета верзија која е достапна само на одреден број на корисници, па не можеме да ја тестираме.

Она што нас не интересира е дали оваа апликација е развиена во соработка со новиот тим од Wunderlist со што би значело дека истата треба да ја замени веќе постојната. Доколку тоа е случајот, се надеваме дека функционалноста од Wunderlist ќе биде пренесена во оваа апликација.

Извор: TechCrunch, TNW, Thurrott

Претходна статијаFacebook развива ВИ систем кој ќе работи директно од мобилните уреди
Следна статијаВреме е за стартап – отстапувања во резонирањето
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.