Еден од најголемите проблеми со интернетот во денешно време (во исто време и предност) е што толку масовно се користи, а активноста на корисниците на мрежата се следи и искористува за разни цели од повеќе страни.

Можеби нема што да се направи кога е во прашање приватноста со владините агенции, како NSA на пример, меѓутоа можеби може нешто да се направи кога се во прашање маркетинг потребите на големите компании.

Во основа, компаниите кои нудат простор за огласување, овозможуваат точно таргетирање на корисниците врз основа на информациите кои се имаат за нив и нивните интереси. Тие интереси се дознаваат врз основа на страните кои се отвораат, статиите кои се читаат, работите кои се лајкуваат и споделуваат на друштвените мрежи и слично.

Од Microsoft работат на Project Bali, кој се’ уште не е планирано да биде претставен пред јавноста, а дознавањето за истиот е до некаде случајност.

Овој проект замислува интернет каде корисниците се во сопственост на своите податоци. За таа цел сите податоци кои се достапни за еден корисник, ќе бидат сместени во простор во негова сопственост и тој ќе може да одлучи што со тие податоци.

Доколку сака корисникот ќе може да реши да им ги направи достапни на компаниите како Facebook и Google, но за тоа теоретски може да побара да му биде даден дел од заработката од рекламите.

Дали ова како замисла е изводливо и дали навистина може да се спроведе, би било интересно да се види. Сега за сега е само во форма на проект којшто може никогаш да не биде спроведен сериозно.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Inc
Претходна статијаSamsung Galaxy S10 X ќе биде посебна 5G варијанта од овој смартфон со 10 GB RAM и 5.000 mAh батерија?
Следна статијаБез изговори! Подгответе го возилото за безбедно возење во зима
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.