151019DIV_HomepageSliderImg_6

Неотел е еден од телеком операторите кои функционираат на целата територија на Македонија. Познат по квалитетот и иновативноста на своите производи, сепак работеше со еден може да се каже недостаток, за целосно да ја заокружи својата понуда.

Од почетокот на овој месец како дел од понудата на Неотел влегува и телевизијата, а производот е познат под името neoTV. Со вклучување на neoTV, корисниците добиваат избор на целосен, односно пакет со три сервиси на една претплата.

Не би го нарекле Неотел операторот познат по иновативноста, ако ова не беше случајот и со нивниот најнов производ, neoTV.

Се работи за телевизија која се пренесува преку интернет протоколот, односно IPTV, со што се овозможени сите најнови функции достапни за една модерна ТВ платформа.

Она што го разликува neoTV од останатите понуди на пазарот се бројни  карактеристики на сервисот како и можности кои се отвараат благодарение на технологијата која се користи.

Уредот којшто се добива за гледање на телевизијата работи на основа на Android TV оперативниот систем со што корисниците добиваат можност да ги користат сите достапни апликации од Play Store на нивниот телевизор. Со тоа овој уред станува многу повеќе од обичен „рисивер“ за гледање на телевизија, а корисниците можат да го направат „паметен“ било кој телевизор во нивниот дом.

ured-interaktivna-televizija

neoTV уредот поддржува и поврзување на глувче и тастатура, па кога ќе се земе во предвид Android основата на која што работи, овој уред станува еден вид на мини компјутер за дневната соба.

Дополнително, neoTV е направен во форма на мобилна апликација којашто корисниците можат да ја користат на нивните Android и iOS уреди и со тоа да ги следат достапните канали од било која локација поврзана на интернет. Кога ќе се земе во предвид фактот дека во денешно време се повеќе се користат паметни телевизори со Miracast можност за поврзување, neoTV апликацијата може да ги донесе омилените канали на корисникот каде и да се наоѓа во моменот.

Главните карактеристики на neoTV се следните:

  • Можност за премотување, паузирање и снимање на содржината која се емитува
  • Родителска контрола
  • Снимки од македонските канали од последните три дена
  • Електронски програмски водич
  • Избор на омилени канали
  • Можност за поврзување на глувче и тастатура
  • Можност за безжично поврзување
  • Можност за поврзување на надворешни дискови
  • Можност за користење на сите апликации од Play Store.

neoTV е достапен како пакет од три услуги кои во овој период можете да ги добиете со попуст од 50% за првата година од користењето. Сите пакети вклучуваат можност за гледање на neoTV на два дополнителни смарт уреди.

Повеќе информации за понудата, цените и достапните канали, можете да прочитате на официјалната страна на neotel.mk или на neotv.mk.

Претходна статијаIntel Skull Canyon е моќен мини компјутер со Core i7 процесор
Следна статијаMicrosoft Edge екстензиите конечно достапни во најновата Windows 10 Insider верзија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.