Screenshot 2015-04-14 12.11.59

По продажбата на делот за уреди и сервиси на Microsoft минатата година, Nokia продолжува да функционира со останатите бизниси на компанијата. Дел од нив сигурно познати за корисниците, Nokia сега е компанија која што работи на развој на мрежни технологии, HERE мапите, како и делот кој што работи на истражување и развој на нови производи и лиценцирање на истите на други компании.

Дека воопшто постојат некакви преговори за спојување на овие две компании е потврдено од двете страни. Се истакнува дека преговорите се’ уште се во тек, па не мора да значи дека тие ќе завршат успешно. Доколку сепак завршат успешно, од Nokia ќе треба да добијат дозвола од француската влада за практично извршување на договорот.

Alcatel-Lucent е компанија која што е позната по развојот на производи од областа на мрежните технологии, вклучувајќи и дел за безжични технологии, како и технологии за сервиси во облакот.

Она што е во интерес на Nokia е бизнисот со мрежните технологии кој што би бил споен со нивниот, по што ќе биде појачен и зголемен. Тоа ќе ги направи Nokia многу поголем и посилен играч на пазарот, а дефинитивно во однос на познатиот шведски Ericsson.

Изминатата недела исто така имаше информации дека Nokia размислува да го продаде делот кој што работи на HERE мапите. Веднаш почнаа да излегуваат шпекулации кои компании би биле заинтересирани за купување на овој бизнис, а се разбира тука е и Microsoft кои што дефинитивно би можеле да бидат заинтересирани.

Вредноста на HERE делот од Nokia се проценува на околу 2 милијарди долари, што го ограничува бројот на компании кои што би можеле да бидат заинтересирани.

Извор: ZDNet, Alcatel-Lucent

Претходна статијаПротекоа првите официјални слики од LG G4 – Ќе има кожно тело
Следна статијаВалентин Спиридонов – првиот човек на кој ќе му биде пресадена главата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.