1280px-National_Security_Agency_headquarters,_Fort_Meade,_Maryland

Една од главните основи за начинот на работа на NSA е законот донесен по нападите на кулите од СТЦ на 11-ти Септември 2001 година. Законот наречен The Patriot Act им овозможи на безбедносните агенции одредена слобода во работата, претходно ограничена од потребата за судски налози и слично.

The Patriot Act истекува на крајот од овој месец, па во американскиот конгрес веќе одреден период се води дебата околу донесување на нов закон или продолжување на истиот. Расправите за предложените закони се имаат водено до крајот на минатата недела, па ниту еден од предложените не успеал да ја добие поддршката од Сенатот, што за ваквите закони е потребна поддршка од двата законодавни дома во Конгресот.

Поради ваквата ситуација, NSA ќе мора да ја прекине програмата преку која што врши масовно собирање на податоци за американските корисници. Собирањето на податоците подразбира следење на скоро секоја комуникација и задржување на податок за бираниот телефонски број, траењето на разговорот, датата и времето од скоро секој повик направен во САД.

Од NSA истакнуваат дека прекинувањето на програмата е процес кој што трае подолго време, па истиот веќе го имаат почнато за да можат да ги запазат роковите доколку не се дојде до некакво решение во Сенатот до крајот на месецот.

Инаку, во Сенатот се предложени неколку законски решенија кои што треба да ја продолжат програмата. Ниту едно ги нема добиено потребните гласови, поради што големи се шансите да не се најде ново решение пред истекот на The Patriot Act.

Предложените законски решенија вклучуваат продолжување на The Patriot Act за одреден краток период, додека се донесен нов закон. Исто така, едно од решенијата кое што нема поминато е предложеното од страна на Белата Куќа, а поддржано од Претставничкиот дом (вториот дом во Конгресот).

Ова решение предложува намалување на слободата на NSA при следењето и прибирањето на податоци, односно враќање на обврската за барање на судски налог, како и добивање на информации од операторите, наместо нивно чување во агенцијата.

Без разлика на одолговлекувањето, решение сигурно ќе биде најдено. Властите, односно центрите на моќ тешко дека би се откажале од искористувањето на моќта која што им ја нуди современата технологија, а тука се и аргументите од реалните потреби за борба со криминалот и слично.

Исто така би требало да се истакне дека оваа дебата е за следење на комуникацијата на американските граѓани и нема некое поголемо влијание на следењето на граѓаните од другите земји.

Извор: LA Times, The Verge

Фото: Wikipedia

Претходна статија“Halo back” е фолија за iPhone со вградено “back” копче
Следна статијаOcumetics Bionic Lens – Леќи кои имаат потенцијал да го револуционизираат човековото гледање
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.