et-bike

Дали се сеќавате на сцената од култниот филм E.T., каде децата летаат со своите велосипеди над куќите, преку месечината, насекаде. Оваа фантазија набрзо може да стане и реалност, со најновата иновација на двајцата ентузијасти за летање John Foden и Yannick Read. Тие пред неколку месеци го претставија првиот во свет, целосно функционален летечки велосипед Paravelo.

flying-bike

Paravelo е велосипед на две тркала, со изглед ист како конвенционалните велосипеди. На него има прикачено лесна приколка во која се сместени, огромен вентилатор, гориво за моторот и флексибилно крило, со чија помош овој велосипед се трансформита во летечки објект. Сите негови делови се направени од алуминиум.

За да полета Paravelo потребен е долг и рамен терен. Приколката е поврзана со велосипедот, крилата потребно е да се развиорени и со само притискање на електричниот стартер се активира погонот за гориво на 294cc мотор и велосипедот полетува. Додека е во возух, тој може да достигне брзина од 40 км на час, и максимална висина до 1.200 метри надморска височина. Ова возбудливо летање може да трае до 3 часа и велосипедот се контролира како едноставен параглајдер.

flying-bike2

За да се лета со овој велосипед не е потребна никаква дозвола, но се препорачува соодветна обука. Сепак, потребно е уште време за да го имаме во нашите домови.  Со цел да се започне масовно производство и да се доврши дизајнот, Foden и Read собираат средства на Kickstarter и се надеваат дека ќе соберат околу 60.000 евра за оваа идеја да стане достапна за сите.

 

Претходна статијаHealthbook, следење на фитнес информациите на Apple начин
Следна статијаGoogle го претстави Wear, Android верзија прилагодена за паметните часовници