Скопје, 8 јануари 2026 година – Компанијата “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics Co., Ltd.) одржа “Visual Display (VD) Deep Dive“ сесија на “CES 2026“. Предводена од Ес-Ви Јонг (SW Yong), Претседател на бизнисот за Визуелни Дисплеи (Visual Display – VD) во “Samsung Electronics“, сесијата се одржа во “The Wynn Las Vegas“ и нагласи како “Samsung“, преку две децениското пазарно лидерство, ја редефинира улогата на телевизорот во поврзаниот дом. Додека глобалниот ТВ пазар влегува во нова фаза дефинирана од побарувачка за премиум производи, поголеми екрани и интелигентни искуства, “Samsung“ ја претстави својата стратегија за иднината на телевизијата.
За време на сесијата, “Samsung“ го потенцираше својот фокус на проширување на можностите на ТВ уредите преку вештачка интелигенција од следната генерација, истовремено испорачувајќи исклучителен квалитет на сликата. 2026 година ќе биде клучна за бизнисот со Визуелни Дисплеи, при што “Micro RGB“ и “OLED“ предводат во премиум сегментот на телевизори, “mini LED“ ја зголемува достапноста на премиум ТВ технологијата, а ултра-големите екрани дополнително го унапредуваат имерзивното забавно искуство во домот и пошироко. Како резултат, целосната линија ќе го донесе врвното искуство со екраните на “Samsung“ до поширок круг потрошувачи, истовремено зацврстувајќи го лидерството на компанијата во перформанси и иновации.
„Во моментов доживуваме трансформација во начинот на кој гледачите го доживуваат телевизиското искуство, преминувајќи од искуство фокусирано на гледање кон искуство засновано на директна интеракција со корисниците,“ изјави претседателот Јонг. „Како што телевизијата еволуира, ’Samsung’ продолжува да ја заслужува својата лидерска улога година по година, надградувајќи се врз своето наследство на хардверска извонредност.“

Унапредување на ТВ-искуството со “Vision AI“
Во срцето на стратегијата на “Samsung“ за 2026 година се наоѓа “Vision AI Companion“ (VAC), нова интелигентна платформа дизајнирана да го направи телевизорот поинтуитивен, поразговорен и поперсонализиран. Интегрирана во речиси целата линија на телевизори на “Samsung“, “VAC“ разбира што гледаат корисниците, ги предвидува нивните потреби и прикажува корисни, контекстуални информации директно на екранот, трансформирајќи го телевизорот од пасивен приказен уред во активен учесник во секојдневниот живот.
Со вградување на вештачка интелигенција низ целиот свој екосистем, “Samsung“ ја проширува улогата на телевизорот надвор од границите на забавата, овозможувајќи подлабока интеграција со паметниот дом и позначајно вклучување на корисниците. Овој пристап ја одразува посветеноста на “Samsung“ кон градење поврзани искуства што се приспособуваат на корисниците, додека истовремено го задржуваат квалитетот на сликата и сигурноста што потрошувачите и понатаму ги ценат.
Редефинирање на размерот, дизајнот и иновациите за животниот стил
За време на сесијата, Хун Ли (Hun Lee), Извршен потпретседател на бизнисот со Визуелни Дисплеи, даде дополнителни детали за новиот “Micro RGB“ телевизор од 130 инчи на “Samsung“, прво од ваков вид техничко достигнување во индустријата, како и за посветеноста на компанијата кон иновациите во сегментот на телевизори за животен стил.
„Како што квалитетот на содржината се подобрува, природно е корисниците да сакаат повисоко ниво на имерзивност,“ изјави Извршниот Потпретседател Ли. „При развојот на нашите производи, ’Samsung’ се фокусира на опипливите искуства овозможени од технологиите како ’VAC’, а не само на нивните технички спецификации.“
Додека “Samsung“ одбележува дваесет последователни години како водечки светски ТВ бренд, “VD Deep Dive“ сесијата испрати јасна порака: лидерството се стекнува преку континуирана иновација. Со комбинирање на хардверска извонредност со интелигентни, поврзани искуства, “Samsung“ обликува иднина во која телевизорите покрај тоа што нудат супериорен квалитет на сликата, овозможуваат и попаметни, поперсонализирани и позначајни искуства во домовите ширум светот.








































