Минатата недела SpaceX се пофали дека создаде историја со релансирањето на веќе искористена ракета. Се работи за потег, кој реално, требаше да се случи пред декади уште со првите лансирања на вештачки сателити со помош на ракети. Како и да е, SpaceX успеа да го врати во функција „телото“ на веќе лансирана ракета, со што заштеди енормни суми на пари. Секако главниот елемент е што успејаа „телото“ да го релансираат назад во вселената и тоа заедно со нов „товар“-сателитски оператор SES и повторно да го врати на својата платформа „Of Course I Still Love You“.

Falcon 9 landing on the “Of Course I Still Love You” droneship after delivering SES-10 into orbit.

A post shared by SpaceX (@spacex) on

SpaceX веројатно, конечно успеале да развијат успешна формула за слетување на лансираните ракети, со што во иднина истите ракети ќе ги користат неколкукратно. Компанијата се решила на развој на техника на слетување, исто како и на полетување, откако минатата година регистрирала загуба од 50 милиони американски долари, само, поради губење на една ракета која експлодирала за време на лансирањето.

Со оглед на тоа дека се работи за „подружница“ на NASA не е за изненадување фактот дека повторно добиле средства и ја возобновиле програмата и распоредот за лансирање. За оваа година, SpaceX вети лансирања на секои две седмици.

Извор: Engadget

Претходна статијаPajako е вашиот нов паркинг асистент
Следна статијаMicrosoft во Creators Update објави кои податоци ги собира од корисниците