Steve Ballmer, поранешниот директор на Microsoft по излегувањето од повеќето обврски кон компанијата, реши да го искористи своето богатство во нешто поразлична област. Како што сигурно имате прочитано, тој го купи NBA тимот LA Clippers за 2 милијарди долари. Во интервју за Reuters дадено оваа недела, тој покрај за стандардните работи поврзани со тимот и неговиот план за негово водење, разговара и за уште една интересна тема. Steve Ballmer истакна дека тој планира да ги замени iPad уредите кои што моментално се користат од страна на тренерите, играчите и другите вработени со, се разбира, Windows уреди.
„Повеќето од Clippers се на Windows, некои од играчите и тренерите не се“ рече Ballmer. „И Doc (главниот тренер Doc Rivers) на некој начин знае дека тоа е проект. Тоа е една од работите кој што ми ги кажа: Сигурно ќе ги откачиме овие iPad уреди, нели ? Јас му кажав: Да, најверојатно. Но му ветив дека тоа нема да го направиме пред почетокот на сезоната.“
Ваквата одлука сигурно нема никого да изненади со оглед на фактот што тој иако веќе не е на некоја од неговите функции во Microsoft, тој се’ уште поседува 4% од компанијата која што е проценета на 15,7 милијарди долари. Како акционер, успешноста на компанијата директно влијае на вредноста на неговите акции, а со тоа и парите кои што може да ги заработи.