Screenshot 2015-04-02 19.16.36

Идејата зад Tap Battlz е забавно искористување на време на паузи со другари и колеги, настојувајќи да ги победиш со едноставно “тапкање” на екранот на телефон.

Тимот кој ја изработи апликацијата најавува претставување на целата приказна зад играва во сабота (4ти април) на штандот на 3P Development на Mobile First, конференцијата за мобилни апликации. За оние со најбрзи прсти, компанијата подготвува подарок пакет од Power Bank Portable Charger + две минигифт изненадувања.

Играта ќе биде ставена во казино контекст, каде што:

  • Секој од учесниците на конференцијата ќе добие чипови за игра, за вложување.
  • Пред двајца играчи да почнат со “тапкање” ќе треба да вложат еднаков број чипови.
  • Победникот ги собира сите чипови и продолжува да предизвикува други учесници на игра во текот на целиот конференциски ден, со цел да стане Ultimate Tapz Winner.
  • Оној со најмногу освоени чипови до последната пауза (Ultimate Tapz Winner) добива пакет награди од тимот.

Екстра хинт: Ако се’ уште немате карти за Mobile First, имате шанса да си добиете картагратис, влегувајќи во топ три играчите на TapZ, повеќе инфо тука: http://bit.ly/TapZforTicket

Претходна статијаШто се случува кога едно CD се врти премногу брзо?
Следна статијаDARPA развива систем што ќе ги преоптеретува непријателските одбранбени механизми
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.