
За момент изгледаше дека Алекс Џоунс конечно ја изгуби својата компанија Infowars, а истата беше купена од страна на едно време доста познатите и ценети The Onion. Infowars беше купена на затворена аукција за непозната сума, а веќе има информации дека може да има проблем со исправноста на овој процес.
Infowars е дадена на аукција поради познатиот случај кој Џоунс го изгуби, а беше поради тврдењата дека масовното пукање во 2012 кое се случи во Sandy Hook основното училиште во Конектикат, САД, било наместено за полесно донесување на закони против оружје.
Родителите на децата, како и на дел од вработените, ги тужеа Infowars, односно Алекс Џоунс за клевета и нанесена психолошка болка. Тој изгуби со оваа тужба 1 милијарда долари, кои секако е многу тешко да се исплатат, од каде и продажбата на компанијата и средствата преку аукција.
Според информациите, аукцијата била затворена и не била избрана највисоката понуда, па според најновите информации кои ги објави Џоунс, истата е поништена, па Infowars се враќа во претходната состојба.
Тоа може да се види и од повторното функционирање на веб страната, која претходно беше целосно исклучена.
Купувањето на Infowars беше објавено и од страна на сопственикот на The Onion, Брајс Тетраедер, кој во објавата објаснува зошто е купена компанијата. Тој не штеди на навредите, па може да се каже и на лажните тврдења кон Infowars и Алекс Џоунс, а страната од купената компанија планира да ја направи пародија преку која ќе се шегуваат на сметка на теоретичарите на заговор.
„Основана во 1999 година на време на сатанската „паника“ и оттогаш постојано расте, InfoWars се истакна како непроценлива алатка за перење мозок и контрола на масите. Со разумна мешавина на заблуда параноја и сомнителни „хакови“ за исхрана против стареење, тие се стремат да го направат животот пострашен и подолг за секого, што е цел за пофалба. Тие се вистински еднорог, способен истовремено да инспирира јавна поддршка за милијардерите и да предизвика бес на несоодветната држава која може да го убие ЏФК, но не може ни да стави човек на Месечината.
Низ сето тоа, InfoWars покажа непоколеблива посветеност на производство на гнев и радикализирање на најранливите членови на општеството – вредности кои длабоко резонираат со сите нас во Global Tetrahedron.“ – истакнува Брајс Тетраедер.
Алекс Џоунс во живо го пренесуваше затворањето на Infowars преку X, а во продолжение можете да го погледнете видеото.
Сега според Џоунс одлуката е поништена, па ќе видиме што ќе се случува во периодот што следи. Според него, аукцијата сега е и предмет на криминална истрага.