Фото: Shutterstock.com

Тим Кук ја посети Кина оваа недела, а причината за тоа се истакнува дека е падот на продажбата на новата iPhone 15 серија во споредба со ланските модели. Според информациите, iPhone 15 засега има пад на продажбата од 4,5%, што веднаш влијае на вредноста на акциите на Apple.

Кук ја посети Apple продавницата во Ченгду, каде се одржува „гејминг“ натпревар од познатата кинеска компанија Tencent и играта „Honor of Kings“. Тој објави и видео на „кинескиот Twitter“, Weibo.

iPhone 15 серијата започна да се продава со неколку проблеми пријавени од корисниците, а најголем од нив е проблемот со прегревањето на уредот, нешто што беше решено со надградба на iOS системот.

Во Кина дополнителен притисок прават и конкурентите како Huawei, Xiaomi и други, кои не се продаваат ни приближно многу во остатокот од светот. Apple во Кина може да се каже дека има доста посериозна конкуренција.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаАЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“
Следна статијаYouTube најави цела листа на мали новини кои доаѓаат на сервисот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.