Се чини дека САД мака мачат со својот здравствен систем. Отсуството на државна регулатива направи хаос. Многумина забележуваат на фактот дека една од земјите со највисоки даноци не обезбедува речиси никакво право на бесплатно лекување за сопствените плаќачи на данок. Ваквата ситуација решија да ја променат Amazon, JP Morgan Chase и Berkshire Hathaway.

Челниците на трите гиганти се обединети околу идејата да учествуваат во обезбедувањето пониски цени за здравствените услуги. Тие сакаат технологијата да ја стават на услуга на американскиот граѓанин. Новата компанија која тие ќе ја формираат ќе биде независна од своите фирми-основачи. Дополнително „олеснување“ е тоа што оваа компанија нема да биде ориентирана кон генерирање профит или преземање на пазарот.
Според првиот човек на JP Morgan Chase, целта е да му се помогне на американскиот работник, неговото семејство, а во крајна инстанца и на секој нивни граѓанин. Сличен став дели и Џеф Безос, од Amazon. Тој смета дека нивна одговорност како економски гиганти е да повлечат иницијатива од која секој граѓанин ќе има бенефит.
Хаотичната ситуација во американското здравство е примарно придизвикана од огромните цени за осигурување. Поради висината на истите, работодавците не се обврзани да ги обезбедат за нивните работници. Па така, здравствено осигурување е вистинска привилегија. Државниот апарат прави напори да ја измени оваа ситуација меѓутоа, комплексноста на системот не дозволува промени. Работодавците не сакаат да чујат да плаќаат поголеми износи за оваа цел и даваат се од себе да лобираат против законска регулатива.
Со влегување на пазарот на нова компанија која ќе има директно цел да понуди поевтини услуги се очекува цената на пазарот да падне. На тој начин практично ќе „пукне“ економскиот балон кој се создава околу здравствените услуги во САД.