Доналд Трамп вчера официјално стана претседател на Соединетите Американски Држави, а ова е негов втор мандат, редок случај кога тој не е веднаш после првиот.
Една од поинтересните најави, покрај ставањето крај на доста „претерани“ политики од претходната администрација, беше формирање на нов оддел во администрацијата кој ќе треба да ја зголеми ефикасноста на функционирањето на владата.
Овој оддел е наречен „Оддел за владина ефикасност“, односно DOGE – Department of Government Efficiency“. DOGE официјално беше формиран во текот на вчерашниот ден преку извршна одлука од претседателот, а Трамп веднаш по инаугурацијата потпиша повеќе од 200 вакви одлуки.
Една од главните причини поради кои се формира овој одел, а и ја доби популарноста која ја има, барем за тие кои ги следат овие случувања, е што тој треба да биде воден од страна на Елон Маск.
DOGE ќе има за цел да ја подобри ефикасноста на администрацијата преку осовременување на софтверот кој се користи, како и преку намалување на бројот на програми кои се финансираат од буџетот, намалување на регулативата, а на крајот и вработените.
Покрај Елон Маск, DOGE требаше да биде воден и од познатиот Вивек Рамасвами, кој се кандидираше на изборите во Демократската партија за кандидат за претседателските избори, но подоцна премина на страната на Трамп и му ја даде неговата поддршка
Рамасвами сепак уште од првиот ден се откажа од оваа позиција, а како причина за истото е планот да се кандидира за гувернер на Охајо идната година.
Тоа значи дека одделот останува под водство само на Елон Маск, а веќе можеме да прочитаме доста критики за истото, нешто што може да се очекува доста често од медиумите сега кога Трамп е претседател.