Facebooks-headquarters

За време на изминатиот викенд, канцелариите на Facebook во Хамбург, Германија биле цел на вандалски напад од група составена од 15 – 20 луѓе. Информацијата е потврдена од полицијата која што нема повеќе информации, за идентитетот на извршителите кои што биле облечени во црна облека и црни маски, како и за причините на нападот.

Од Facebook за Reuters го потврдуваат случајот и истакнуваат дека никој од вработените не бил повреден.

Инаку, напаѓачите ги имаат кршено прозорците на зградата, имаат фрлано боја, а исто така имаа напишано „Facebook dislike“. Од Facebook исто така немаат коментар во врска со можните причини за случувањата.

Се верува дека причината е поради недоволно преземените активности за отстранување на коментари со говор на омраза од социјалната мрежа. Од почетокот на мигрантската криза, во Германија се има појавено зголемен број на противници на нивното дозволување да влезат и останат во земјата.

Поради тоа директорот на Facebook за северна, централна и источна Европа е цел на истрага, по што може да биде одговорен врз основа на германските закони.

Законите во Европската Унија може да се каже дека се нешто поразлични од тие во САД каде што едно од најважните права се смета тоа за слободно изразување.

Извор: Reuters, PCMag

Претходна статијаStartup Grind Skopje финале во најава
Следна статијаБесплатен Курс: Вовед во веб технологии
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.