Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Хонда ги додели наградите од финалното мастер коло, како и од четвртото мастер коло.
На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.
„Како компанија секогаш свртена кон потребите и желбите на своите потрошувачи, долго време посветивме да ја создадеме и да ја отпочнеме ВЕРНА програмата за лојалност. По три години од отпочнувањето на ВЕРНА програмата нашиот труд е награден на најубав начин – ВЕРНА картичката стана неодминлива алатка за секојдневно функционирање на нашите верни потрошувачи. Активноста и бројноста на картичките сами по себе говорат за успешноста на ВЕРНА програмата за лојалност.
Макпетрол е компанија која е свесна дека со своите активности не дејствува во изолиран простор, туку со својата работа претставува значаен дел од општествената целина. Компанијата ја има врежано општествената одговорност во темелите на својата работна практика и е горда на своите вложувања во етичките и филантропските категории на општествена одговорност. Тоа е секако најдобриот начин да ја изразиме нашата благодарност кон заедницата за укажаната поддршка и доверба.
Наградната игра „Верна повторно наградува“ е дел од тие активности. Со желба да обезбедиме дополнителни погодности и предности за своите лојални потрошувачи и членови на ВЕРНА програмата за лојалност, и оваа година, трет пат по ред, воведовме наградна игра и воспоставивме една убава традиција со нашите верни потрошувачи“. – истакна Мишко Тасевски, раководител на секторот Маркетинг.
Денес, преку ВЕРНА програмата, повеќе од 150.000 потрошувачи на Макпетрол ги користат поволностите кои ги нуди компанијата.
„Создадовме едно големо семејство и воспоставивме единствен систем преку кој комуницираме со нашите потрошувачи, со цел подобрување на нашата работа, затоа што секогаш има простор за напредок и усовршување.
Оваа година во наградната игра учествуваа преку 1.600.000 трансакции што јасно покажува дека потрошувачите го препознаа квалитетот на нашите производи и услуги, и со тоа ја покажаа довербата да не одберат нас како нивен прв избор.
Денес сме присутни на доделувањето на наградите од финалното мастер коло, како и од четвртото мастер коло, со што дојдовме до самиот крај од наградната игра „Верна повторно наградува“. Во изминатава година преку наградната игра подаривме многу вредни награди на нашите лојални корисници“. – додаде Тасевски
Во наградните кола до сега беа доделени 8 лаптопи Дел, 8 викенди за двајца во хотелите на Макпетрол во Маврово и Струга, 80 ваучери за гуми, 80 ваучери за Лубекс моторни масла, 80 ваучери за Кристал Кар средство за ветробрански стакла, како и 80 награди со вредносни Верна поени. Но, не беше само тоа, доделени беа и чамец Ocean Master 390 со вонбродски мотор Хонда од 40 КС заедно со приколка, автомобил Хонда Џез и скутер Хонда.
На денешната свеченост беа доделени преостанатите награди: лап топ Дел, скутер Хонда и финалната награда, преубавиот Хонда Сивик.
„Наш најголем приоритет, покрај снабдувањето на пазарот на нафтени деривати со квалитетно гориво, секогаш се нашите потрошувачи. Работиме на многу полиња и постојано се стремиме кон подобрување и проширување на своите капацитети, со цел да овозможиме на нашите верни потрошувачи лесна достапност и квалитетни горива, како и брза, ефикасна и квалитетна услуга.
Успешноста на една компанија најдобро се гледа преку бројот на нејзините задоволни и лојални корисници. Макпетрол во изминативе години, секогаш се труди на најдобар начин да одговори на барањата на корисниците. Определба на Макпетрол е секогаш да инвестира во квалитетот на производите и услугите и секако новите понуди наменети за лојалните потрошувачи. Квалитетот на нашите горива е императив во работата, па затоа ги применуваме најстрогите стандарди, за да можеме на своите потрошувачи да им понудиме горива со врвен квалитет.
Пред три години, како современа и пазарно ориентирана компанија Макпетрол ја започна програмата за лојалност ВЕРНА со цел да им се заблагодари на своите лојални потрошувачи преку воведување поволности за идните корисници на loyalty картичката. Денес, ВЕРНА е повеќе од програма за лојалност, таа стана алатка преку која создадовме едно семејство кое постојано расте, семејство кое преку своето функционирање ни овозможува полесно да ги дознаеме и задоволиме потребите и приоритетите на нашите потрошувачи.
Тоа е доказ за нашата длабока посветеност кон нашите потрошувачи, односно наша благодарност кон нив за укажаната доверба. Од друга страна пак, постојаното зголемување на корисниците на ВЕРНА програмата покажува дека преку правилни инвестиции сме го избрале вистинскиот развоен пат“. – истакна Љупчо Георгиевски, директор на Дирекција за малопродажба
„Денес е последното доделување на награди за оваа година и ја користам оваа прилика да најавам дека во наредната 2019 година ќе продолжиме со нова наградна игра која што ќе биде уште поинтересна за нашите потрошувачи“. – додаде Георгиевски.
Биљана Мановска, беше среќниот добитник на лап топ Дел, а Ајла Река беше среќната добитничка која си замина со прекрасниот HONDA скутер.
Најсреќен за оваа година беше Коста Митрески, кој ја доби фантастичната Хонда Сивик.
Од компанијата им честитаа на сите добитници од овогодинешната наградна игра за добиените награди, а за оние кои не биле толку среќни оваа година, од Макпетрол ги повикаа да продолжат да бидат дел од програмата ВЕРНА со надеж дека во 2019 година ќе им се насмевне среќата.