До мај некаде, се веруваше дека бројот на нови заболени драстично ќе се намали за време на летото, иако немаше некои посериозни докази за истото да се очекува, со што ќе падне и бројката на активни случаеви со COVID-19. Поради тоа, повеќето компании кои ја организираа својата работа од дома, планираа враќање на работните места од јуни/јули.
Google изгледа подобро ги предвиде случувањата, па првата најава беше дека нивните вработени ќе работат од дома до крајот на годината, меѓутоа сега изгледа работите се до некаде појасни, па од компанијата ја ажурираа својата одлука.
Од друга страна Twitter донесоа одлука да вработените кои можат да ја извршуваат својата работа од дома, тоа да може да го продолжат засекогаш, односно не само до завршувањето на пандемијата.
Google на своите вработени ќе им овозможи работење од дома до крајот на јуни идната година, за кога изгледа се очекува дека веќе ќе има вакцина и истата ќе ја имаат примено поголемиот дел од населението.
Работата од дома секако останува за тие вработени чија работа го овозможува истото, односно нивното физичко присуство не е неопходно поради работа која се прави само преку компјутер, како што се програмерите на пример. Состаноците веќе стана нормално да се одржуваат преку апликации како Google Meet, Zoom, Microsoft Teams и слични.