Тужбата против Џон Просер продолжи по службена должност откако тој не се произнесе по истата. Во истата тој, заедно со Мајкл Рамациоти се обвинети дека се здружиле и планирале добивање на пристап до iPhone-от на сега веќе поранешен вработен во Apple, со цел да ја видат новата верзија од iOS. 

Сега веќе е познато дека iOS 26 донесе промена во дизајнот после подолго време, а Џон Просер преку видеата што ги објави точно ги прикажа и најави овие промени, па јасно е зошто на Apple не им се допадна тоа. 

Минатата недела изјава до судот испрати второ обвинетиот, Мајкл Рамациоти, кој во основа ја потврди „приказната“ од Apple, со една разлика, тој негира дека постоела завера за истото, односно дека сите чекори биле претходно планирани и договорени. 

Рамациоти истакнува дека тој успеал да го отклучи телефонот на Етан Липник од Apple, сега веќе отпуштен поради овој случај, но не ја следел неговата локација. Липник наводно му го прикажал на Рамациоти новиот дизајн неколку недели претходно, поради што Рамациоти не ја разбрал сериозноста на тоа што го гледа поради подготвеноста на Липник да го прикаже. 

Како што стои во тужбата, Рамациоти му го има прикажано новиот дизајн на Просер преку FaceTime повик, но тој наводно не знаел дека Просер ќе го снима разговорот. 

Подоцна му биле понудени 650 долари, кои му биле и исплатени, но тој не очекувал било каква исплата за истото. 

Јасно е дека Apple има сигурен случај, па ќе видиме каков ќе биде крајот на тужбата и што ќе се случи со Џон Просер. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаМакедонски Телеком оствари одлични финансиски резултати, капитални инвестиции и раст во првите девет месеци на годината
Следна статијаБарбара Грабивода, Publicis Groupe за иднината на дигиталната трговија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.