Фото: Shutterstock.com

Apple оваа недела остана без главниот за дизајн во компанијата, кој е на таа позиција изминатите 10 години, а според информациите тоа не било најавено од негова страна, па е изненадување за сите. 

Алан Дај стана главен за дизајн уште од времето на Џони Ајв, односно пред да ја напушти компанијата и почна со намалување на неговите обврски. Заминувањето на Ајв беше една од поголемите вести во светот на технологијата, а како што е познато тој сега работи на развој на „мистериозен“ уред со вештачка интелигенција со OpenAI. 

Заедно со Дај, кој ќе го води новиот сектор во Meta за дизајн, си има заминато и Били Сорентино, исто така во Meta, а според информациите тоа ќе го направат уште неколку вработени кои имаат блиску работено со Дај. 

На местото „главен дизајнер“ во Apple ќе дојде Стивен Лемеј, кој е во компанијата повеќе од 25 години, а според информациите, вработените се доста среќни за оваа промена, па дури се очекува враќање на старите дизајн принципи кои ги постави Стив Џобс. 

Оваа информација ја објавува Џон Грубер, познат блогер кој во главно пишува за Apple, преку неговиот блог „Daring Fireball“. 

Главните заклучоци од неговата објава се дека не му се допаѓа фактот што Алан Дај морал сам да си отиде од компанијата и што тоа не било веќе во план од страна на директорите. Овој развој на настаните е доста позитивен, а се очекува дека во Apple ќе се врати стариот принцип на давање значење како функционираат работите, а не само како изгледаат, нешто што се препишува како главна маана на Алан Дај. 

„Во редовите на Apple владее чувство дека денешните вести се речиси премногу добри за да бидат вистинити. Луѓето се откажаа од надежта дека Дај некогаш ќе биде истиснат и никој не очекуваше дека тој едноставно ќе стане и ќе си замине сам.“ – пишува Грубер. 

Тој продолжува да пишува за политиката во компанијата, зошто Дај бил оставен да продолжи да функционира во неговиот стил, како и тоа зошто не е заменет со некој кој е како него, наместо со Стив Лемеј. 

Според Грубер голема грешка е направена од страна на Џони Ајв кога го поставил Алан Дај да биде главен на дизајнот, а истакнува и тоа дека неговото искуство не било во областа на дизајн на кориснички интерфејс, туку класичен дизајн. 

Дел од објавата на Грубер се навраќа на презентациите на Џобс, конкретно и на презентацијата на Aqua дизајнот кој донесе огромни промени кај Mac компјутерите, а беше претставен со Mac OS X верзијата. 

Главниот заклучок е дека во тоа време се давало големо значење на мали ситници, како и на тоа како работите функционираат, а не само како изгледаат. Грубер смета дека Стив Лемеј функционира во тој стил и дека доста добри промени може да се очекуваат со неговото поставување како главен на дизајнот во Apple. 

„Тоа нема да биде проблем со Стивен Лемеј. Разбирањето на фундаменталните принципи повеќе нема да недостасува. Лемеј беше во Apple опфаќајќи го спектарот помеѓу славните денови на Грег Кристи/Бас Ординг и сегашната ера. Најмалку, Лемеј како раководител треба да го запре крварењето – и во однос на квалитетот на работата и задржувањето на талентите. Искрено верувам дека работите може значително да се подобрат, но повеќе сум сигурен дека работите ќе престанат да се влошуваат. Само тоа ќе биде победа за сите – иако промената очигледно беше поттикната од желбата на Марк Закерберг да го украде Дај, а не од Тим Кук и вишото раководство на Apple кои сфатија дека требало одамна да го отпуштат.“ – пишува Грубер. 

Целата објава можете да ја прочитате тука