Продолжувајќи со политичко-економската војна против Кина, САД најави забрана за познатата апликација TikTok во оваа земја. Во меѓувреме се појави можноста да американска компанија ја купи апликацијата и таа да може да продолжи да функционира, по што Microsoft потврди дека е во преговори со ByteDance за купување на TikTok, но само во САД и уште неколку други земји.
Тврдењата дека оваа апликација може да претставува до толку закана за безбедноста на САД не се баш реални и јасно е дека се дел од односите помеѓу двете земји кои не се подобруваат како што поминува времето.
По најавата дека сепак планот за купување на TikTok постои и дека Microsoft се во преговори, кинескиот весник China Daily излезе со тврдење дека Кина нема да ја прифати „кражбата“ на кинеската ИТ компанија и дека тие се во можност да одговорат.
Според весникот, Кина има повеќе начини како може да одговори доколку се оствари продажбата.
Microsoft истакна дека планира да ја соопшти својата одлука до 15-ти септември, по што ќе се знае дали тие ќе го купат сервисот или ќе се откажат.