Фото: ARM

Microsoft со години се обидува да го направи Windows функционален на ARM чиповите. Не изненадува слабиот успех со оглед на популарноста на x86 чиповите, а посебно кај „гејмерите“, но и од компанијата не направија доволно додека Apple не покажа дека ARM чиповите можат да овозможат одлични перформанси.

Windows 11 конечно го добива потребното внимание, а во голем дел тоа дојде и поради пуштањето на првиот сериозен ARM чип за оваа платформа, односно Snapdragon X од Qualcomm.

Со претставувањето на Copilot+ компјутерите, може да се очекува да порасне процентот на Windows на ARM компјутери на пазарот, а директорот на компанијата која стои зад дизајнот на овие чипови верува дека тој процент нагло ќе порасне.

Според Рене Хаас, директорот на британската ARM, до 2029 година Windows компјутерите кои работат на ARM чипови ќе достигнат половина од пазарот, односно ќе надминат 50%.

Засега, целиот пазар на компјутери има 8-10% кои работат на ARM чип, а овој процент во главно се должи на Apple компјутерите. Претставувањето на Copilot+ сигурно ќе го зголеми овој процент, но ќе видиме дали до тој степен за да се надмине 50% границата и тоа само кај Windows.

На намалување на оптимизмот кој го има Хаас треба да се додадат и двете компании кои се’ уште инвестираат многу во x86 архитектурата и влегуваат со свои нови чипови специјално направени за Copilot+ компјутерите.

Intel ги претстави своите Lunar Lake чипови кои се очекува дека ќе му донесат голема конкуренција на Snapdragon X, а тука се и AMD со нивните нови Ryzen AI чипови.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаМакедонец еден од победниците на 24тиот CodeIT организиран од Мусала Софт дел од Киншифт
Следна статија„Стриминг“ сервисите во Канада ќе мора да и плаќаат на државата 5% од нивните приходи во земјата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.