Ова е рутерот кој ќе го редефинира искуството на мрежните ентузијасти кои бараат класа на рутери со водечки карактеристики, за кои Аsus е препознаен. Доколку барате само еден рутер, а не сакате да направите компромис на брзината, опсегот, конективноста или фукционалностите, тогаш треба да дознаете нешто повеќе за RT-AC3200.
Иако пред речиси шест месеци Аsus ја засени конкуренцијата со објавата на RT-AC87U кој спаѓа на AC2300 класата, компанијата одлучи да скокне на Broadcom X Stream платформата со претставувањето на RT-AC3200 рутерот на интернационалното шоу за информациски технологии Computex 2014.
RT-AC3200 рутерот работи во два опсега, има 6 антени и е способен да се справи со повеќе уреди при тоа значително редуцирајќи го ефектот на забавување. Неговите 6 антени се поврзани со две 3×3 802.11ac радиа и едно 3×3 802.11n радио. Овој дизајн му обезбедува на рутерот широка покриеност и овозможува ултра високи перформанси и капацитет. Како и останатите Asus рутери и овој рутер го содржи ASUS WRT фирмверот кој нуди богат сет од функционалности и карактеристики вклучувајќи ги и АSUS SmartSync, AiCloud мрежен мониторинг, АSUS Media Station, QoS и многу други.
Дизајнот е наменет за средини во кои има потреба од поддршка на голем број различни уреди, па една примена би биле модерните дигитално поврзани домови. Потребата од флексибилност за робустна конекција, робустен менаџмент и опции за мониторинг е навистина голема, а сето ова е овозможено со напредните хардверски дизајни.
Според Asus, рутерот може да постигне максимална комбинирана податочна брзина од вкупно 3.2Gbps преку 2.4GHz и 5GHz-ниот канал. Брзините за 802.11ac уредите достигнуваат до 1.3Gbps, додека стандардните 802.11n уреди може да достигнат брзини до 600Mbps на 2.4GHz-ниот канал. Ова е возможно само ако клиентскиот уред ја поддржува TurboQAM технологијата, маркетинг термин за опишување на употребата на 256-QAM (квадратна амплитудна модулација).
Портите се исти како и кај AC1900 рутерите, односно рутерот има една WAN, четири LAN (сите 10/100/1000 Mbps), една USB 2.0 и една USB 3.0 порта.
Првични спецификации
- 6×6 гигабит рутер: 6 стримови на 802.11ac имплементација
- 3.2Gbps рутер и интернет gateway платформа
- Три-опсези: 160MHz со два 3×3 802.11ac и еден 3×3 802.11n (максимум од 1.300Mbps по уред, но повеќе уреди можат да функционираат со полна брзина)
- Дуплирани перформанси во споредба со минатите модели
- ASUS SmartSync со Dropbox, WebStorage, FTP
- ASUS AiCloud апликација со мрежен мониторнинг
- Адаптивен QoS за непречено интернет искуство
- АiProtection од Trend Micro за заштита на мрежата од надворешни напади
Производот е моментално во развој и се очекува да биде достапен во третиот или четвртиот квартал од 2014, додека пак за цената Asus не соопшти никакви детали.
Извор: Asus