maxresdefault

Полицијата на Дубаи покрај тоа што во своите гаражи има Ламборџини, Астон Мартин, Бентли и Ферари, планира да ги опреми своите службеници и со современа технологија како што е Google Glass. Иако Обединетите Арапски Емирати се познати по своето ексесивно и можеби непотребно трошење на пари, оваа технологија како што велат ќе им помогне да се борат против криминалот со помош на софтвер за препознавање на лица.

Портпаролот на полицијата ги потврди овие информации, а уредот што има намера да го револуционеризира начинот на кој ја користиме технологијата, ќе се поврзува со датабазата на полицијата, која со ова сака да посвети посебно внимание на сообраќајните прекршоци. Планот е полицаецот со помош на модифицираниот уред да може да препознава дали човекот има досие или зостаната казна со помош на камерата при што добива нотификација.

ferrari-dubai-poli_2546905b

Секако овој потег покренува низа прашања од сигурносен аспект како за полицајците така и за цивилите кои би подлегнале на постојано скенирање и нивно евидентирање без никаква претходна дозвола. За полициските службеници ова може да се класифицира како уште една безбедносна мерка особено кога истите се инволвирани во некоја акција која е потенцијално опасна.

Секако ова не соодвествува со намената што Google ја има зацртано за овој револуционерен уред, меѓутоа секако секој што ќе го купи уредот и најчесто доколку не ги прекршува законите и извесни регулативи на државата има право да го користи Google Glass. Во овој случај службата што го спроведува законот е токму таа што ја користи направата, па затоа ова е секогаш интересна ситуација за која треба да се почека за да се увиди какви ефекти ќе има и дали е вистинското помагало за чуварите на редот.

Извор: PCWorld

Претходна статијаПронајдена е нова податомска честичка која е сопствена античестичка
Следна статијаСончогледови сончеви колектори – произведуваат струја и вода во исто време