GG1.1

Google денеска претстави пет мини игри наменети за нивниот Glass уред. Игрите се едноставни и се наменети да ги покажат способностите и можностите за развивање на игри за Glass, а со тоа и да ги мотивира програмерите да размислуваат во тој правец.

Игрите се направени да ги демонстрираат можностите за играње користејќи ги сензорите на Glass, како што се жироскопот и акселерометарот. Тенис, која што ги искористува жироскопот и акселерометарот, па со движења со вашата глава која што во случајот го претставува рекетот, ја удирате топката. Баланс играта бара од вас да ја поместувате главата обидувајќи се да балансирате неколку објекти кој што се наоѓаат на „вашата глава“. Пукање во глина е едноставна рекреација на активноста на пукање во глинени гулаби, а во овој случај преку користење на гласовни команди, се обидувате да ја погодите целта. Сите игри можете да ги видите на следното демо видео од Google.

Извор: Google

Претходна статијаGeeksphone Revolution, мобилен што ќе работи на два оперативни системи
Следна статијаApple ќе претстави нов Apple TV со повеќе функции ?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.