6e2705967bf6c11d6799380e4f149e4e_large

Hemingwrite е нестандарден и интересен производ наменет за оние чија што работа вклучува доста пишување, во ова време на социјални мрежи, видео клипови и слични работи кои што го привлекуваат вниманието на страна од работата. Овој уред е погоден за овој вид на корисници поради тоа што е направен само за една намена, а тоа е пишувањето на текст. Тоа значи дека нема веќе проверување на email пораки кога требало да се започне со работа, нема веќе проверување на Facebook и слични други работи кои што често ги правиме кога требало да работиме.

Hemingwrite вклучува само тастатура и мал e-ink екран на кој што се гледа тоа што е напишано. Може да се каже дека овој уред е модерна машина за пишување, а и самиот дизајн е направен да потсетува на овие стари машини.

4d5d0df85e6d263ce321712b58100080_large

По завршување со пишување на текстот, тој се испраќа во облакот преку вградената Wi-Fi конекција, која што е наменета само за оваа функција. На екранот не може да се гледа ништо друго, освен напишаниот текст, па кога ќе се седне да се работи на оваа машина, шансите за забушавање се мали.

Напишаните документи се чуваат и на самиот уред кој што има доволно голема меморија за милиони документи. Батеријата овозможува работа до 4 недели на едно полнење, што не е чудно со оглед на користење на штедливиот e-ink екран.

Hemingwrite успешно го заврши прибирањето на средства преку Kickstarter каде што собра повеќе од 340.000 долари од бараните 250.000. Може да се нарача по цена од 399 долари, а се очекува почеток на продажба од оваа есен.

Претходна статијаFingerKey – Отклучете го вашиот Mac компјутер преку мобилниот телефон
Следна статијаCanon EOS 5Ds и 5Ds R се првите DSLR-и со фантастични 50,6 мегапиксели
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.