hp-spectre-x360-nw-g02

Ако сакате голем премиум лаптоп, со супериорна изработка, можност за користење како таблет и солидни перформанси, овој следниот може да е вистинското решение за Вас. HP Spectre x360 15 можеби нема доволно моќни перформанси за бизнис корисниците, но за сите останати може да е идеалното решение.

Лаптопот има прилично тенко куќиште со дебелина од само 1,52 сантиметри, што го прави еден од најтенките вакви лаптопи во светот, како и тежина од само 1,9 килограми. Дисплејот има големина од 15,6 инчи и можност за дисплеј со Full HD резолуција (1920х1080 пиксели) и 4K резолуција (2840х2160 пиксели). Според првите рецензии, 4K дисплејот секако нуди поостра слика, но троши многу повеќе енергија – батеријата на Full HD моделот трае околу 10 часа, додека онаа на 4K моделот околу 8 часа.

hp-spectre-x360-nw-g01

Во внатрешноста се вградуваат Intel чипови од “U” штедливата серија, односно Core i5 и Core i7 (кој доаѓа со Iris Pro 540 графика). Има и две опции за рам меморија – 8 GB и 16 GB, како и за SSD дискови со капацитет од 256 или 512 GB. Поради тоа што има штедливи процесори, перформансите нема да се на нивото на главните конкуренти во бизнис класата, но веројатно ќе бидат и повеќе од задоволителни за пошироката публика.

Рецензентите јавуваат и дека тастатурата не е најкомфорна за пишување, но го фалат тачпадот. На лаптопот има и солидни опции за поврзување – три USB 3.0 и една USB Type-C порта, заедно со HDMI и Display Port и единствено фали најбрзиот Thunderbolt 3.

hp-spectre-x360-nw-g04

Голема предност во однос на големите 15 инчни лаптопи на конкуренцијата е тоа што Spectre x360 има целосно вртлив екран, односно може да се користи како таблет или пак како „шатор“ за гледање филмови. Секако, дискутабилно е кој би сакал да користи толкав дисплеј како таблет, а особено ако на него позади има прикачено уште еден дел со тастатура, но можноста е сепак тука.

Цената на HP Spectre x360 15 почнува од 1.149 долари за почетниот модел, што е прилично достапно со оглед на премиум изработката од алуминиум. Најскапиот и најмоќен модел со 4K дисплеј и Core i7 процесор чини 1.549 долари, што е на ниво на почетните цени на многу од премиум конкурентите.

Извор: ARS Technica, The Verge, LaptopMag

Фото: LaptopMag

Претходна статијаGoogle Voice Access овозможува целосно гласовно контролирање на телефонот
Следна статијаBlackBerry спрема два нови поевтини Android смартфони