o.aolcdn.com

VR лудилото полека, но сигурно го зафаќа и најголемиот кинески производител на паметни телефони, кој го лансира својот прв уред за виртуелна реалност. Уредот ќе го носи името Huawei VR и ќе се функционира само со Huawei паметен телефон.

Во превод, ова ќе биде повеќе конкурент на Samsung Gear VR, отколку на моќните Oculus Rift и HTC Vive, кои за да работат користат моќен десктоп компјутер. Huawei VR ќе функционира само со смартфон од производителот, поточно моделите P9, P9 Plus и Mate 8 и иако засега нема официјална цена, очекуваме да биде поевтин од конкуренцијата.

huawei-vr-user

За гледање ќе се користи токму дисплејот на паметните телефони, кои заостануваат зад конкуренцијата во поглед на густината на пикселите – имаат само Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели, која не овозможува најчиста слика при гледање VR видео. Samsung Gear VR на пример функционира со Galaxy S7 уредите, кои имаат Quad HD резолуција од 2560х1440 пиксели.

Кинескиот производител вели дека уредот овозможува широк агол од 95 степени за гледање, што е рамо до рамо со Gear VR (96 степени), но далеку од HTC Vive на пример, кој има поле на гледање од 110 степени. Но, како за уред кој се базира на паметен телефон и ова е се чини и повеќе од доволно за квалитетно VR искуство.

Huawei-presenta-Huawei-VR-696x462

Сепак, Huawei имаат друг адут во ракавот – специјално развиено аудио од 360 степени, кои ќе му овозможи на корисникот целосно доживување на простор. На уредот има и специјален тачпад, кој ја олеснува интеракцијата со софтверот, како и копче за „назад“ и ролер за подесување на диоптерот на очите до -7.0. За оние со поголем диоптер, носењето очила е невозможно – ќе може да гледате само со леќи.

Најголема предност на Huawei VR сепак ќе биде достапноста на игри и филмови – уште во старт ќе има 4.000 бесплатни филмови, 40 игри, 350 панорамски слики и 150 панорамски тури. Веројатно доволно за добро да ги изморите очите од гледање виртуелна реалност.

Извор: Engadget, Venture Beat, TechRadar

Претходна статијаВо овој век можеби ќе го посетиме системот Алфа Кентаур
Следна статијаСоларната енергија за спас од катастрофалните последици од климатските промени – порачаа младите