503551306-ed

Од ден на ден само се збогатува бројот на играчи во сегментот на „изменета реалност“, односно можноста корисникот да гледа виртуелни 3D објекти во просторот околу него. Најновиот играч Intel има големи планови за оваа технологија, која за нив би можела да биде спас од константното намалување на продажбата на компјутери и лаптопи, а со тоа и на нивните процесори.

Досега веќе неколку пати пишувавме за HoloLens на Microsoft, кој е веројатно најнапредното решение за изменета реалност, бидејќи во него има целосен Windows 10 компјутер, но и за Meta 2 – уредот со најшироко видно поле за 3D холограмските објекти. Причината е секако очекуваниот раст на пазарот за ваквите уреди – се очекува во 2020 година тој да постигне веќе 90 милијарди долари обрт.

Уредот на Intel веројатно би се базирал на RealSense 3D камерата, која веќе успешно се користи во лаптопите со Windows 10 за брзо препознавање на лицето на корисникот, но и во некои прототип телефони со цел подобрено препознавање на 3D објектите во околината и дури и во дроновите, кои полесно се ориентираат во просторот со оваа камера.

Intel дури и го изработува холограмскиот процесор за HoloLens на Microsoft, знаење кое сигурно ќе се употреби во дизајнот на новите очила. Ова значи дека нивниот уред веројатно и не е далеку од рацете на корисниците, односно првите концепти би можеле да ги видиме многу наскоро.

Сепак, како што правеа и досега со ваквите технологии, тие дизајнот на уредот за изменета реалност веројатно ќе го понудат на производителите. Поточно, како што е случајот со RealSense 3D камерата, технологијата ќе биде достапна да ја вградуваат сите производители кои сакаат да лансираат очила за гледање на изменета реалност, секако со лиценцирање од Intel.

Првите информации за уредот за изменета реалност на Intel се очекува да ги дознаеме на “Intel Developer Conference”, кој ќе се одржи подоцна годинава.

Извор: USA Today, Engadget, Mashable

Претходна статијаSamsung претстави заоблени гејмерски монитори – први што поддржуваат FreeSync преку HDMI
Следна статијаRedstone надградбата на Windows 10 ќе биде достапна од јуни